Σελίδες

Σάββατο 12 Απριλίου 2014

Δικαίωση της Παμμακεδονικής σχετικά με τους δήθεν διαμεσολαβητές

Δικαίωση της Παμμακεδονικής σχετικά με τους δήθεν διαμεσολαβητές για το όνομα. Ο πρώην διαμεσολαβητής Robin O'Neil της δεκαετίας του 90 υποδεικνύει στα Σκόπια να ζητήσουν από τον ΟΗΕ αναγνώριση τους ως Μακεδονία.



Робин О'Нил: Македонија да побара од ОН да биде заведена под уставното име


Тој порачува дека треба да се бара договор по основ дека Македонија отсекогаш го поседувала правото да го користи името што го одбрала и тоа е според меѓународното право; дека во последните 21 година во разговорите со медијација на ОН, Грција никогаш не беше подготвена да преговара сериозно и со добра волја за да се реши проблемот со Македонија, на пример да се најде име кое ќе биде прифатливо за двете страни

Денес, 21 година по приемот на Република Македонија во Обединетите нации, поважно е од кога било да и се дозволи на земјата да биде заведена во Њујорк со нејзиното легално име - Република Македонија, изјави за програмата Гласот на народот" првиот медијатор во грчко-македонскиот спор, Робин О'Нил.

Според британскиот амбасадор, Грција ја блокираше земјата со образложение дека има спор за името и за време на тој период одбиваше да преговара сериозно за некое друго алтернативно име, а го држеше спорот отворен и покрај многуте обиди проблемот да биде решен преку независниот медијатор од ОН.
- Причината за ова е проста. Грција знае дека на крај Македонија ќе биде прифатена меѓународно под нејзиното уставно име во сето меѓународно право и затоа работи тактички со намера да го одложи ова прифаќање што подолго, се разбира, ако може и колку што може - истакнува британскиот дипломат.

Тој додава дека грчкиот аргумент е дека името Македонија на некој начин ја повредува Грција и меѓународно и дома, но вели, аргументот не може да биде самото име, бидејќи според меѓународните правила, секој може да се именува со име какво што самиот сака.
Според него, Владата во Македонија треба да преземе решителна акција барајќи ОН сега да ја прифатат Република Македонија под уставното име, а не под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија.

Воедно, додава дека власта треба да бара договор на следните четири основи: дека Македонија отсекогаш го имала правото да го користи името што го одбрала и тоа е според меѓународното право; дека во последните 21 година во разговорите со медијација на ОН, Грција никогаш не беше подготвена да преговара сериозно и со добра волја за да се реши проблемот со Македонија, на пример да се најде име кое ќе биде прифатливо за двете страни". Потоа, наведува дека искуството од годините покажало дека Грција нема никаква штета од употребата на името Република Македонија, веќе признаено од многу земји-членки на ОН, како и дека вештачки и намерно пролонгирање на овој спор не е во интерес на ОН и на добрите меѓународни односи, како и на меѓународното право.
- Не верувам дека ова ќе ги отежни односите на Македонија со НАТО и со Европската унија, туку сосема обратно. Ако Грција беше подготвена да ја прифати Македонија во НАТО и во ЕУ со привремената референца ФИРОМ, како што се согласи во 1995 година, немаше да треба да се оди во ОН сега. Но, Грција никогаш не покажа волја да се однесува по договорот. Откако Македонија ќе биде прифатена во ОН како Република Македонија, членките на ЕУ и на НАТО нема да можат долго да одбиваат да ја прифатат земјата со ова име и во овие две организации - дециден е амбасадорот Робин О'Нил.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου