Σελίδες

Τρίτη 22 Απριλίου 2014

Υμνοι Gurdian για τα Σκόπια

Гардијан: Скопје - мал град со големо срце!

Панорамата на Скопје сама ја раскажува приказната за овој балкански град многу поживописно од која било историска книга, коментира авторката, која покрај плоштадот "Македонија" со Трумфалната капија, спомениците и осветлените фонтани, на посетителите им препорачува и да "се изгубат" во тесните улички на Старата скопска чаршија

"Гардијан" неделава ги препорачува Македонија како место за одмор и Скопје како мал град со големо срце. Во рубриката за патувања Џоан О'Конор во угледниот британски весник Гардијан" за неделава го препорачува Скопје како место што мора да се посети. Мал град со големо срце, пишува авторката за главниот град на Македонија и ја препорачува нашата земја за одмор.
Во својата рубрика "Бегствата на Џоан О'Конор" авторката пишува дека панорамата на Скопје сама ја раскажува приказната за овој балкански град многу поживописно од која било историска книга: станбените блокови од социјалистичкото време, минарињата на отомански џамии, византиските куполи, турските бањи и контроверзијата од последно време - неокласичните згради, мостовите и грандиозните споменици, резултат на неодамнешната градежна треска во насока на зајакнување на националната гордост. Сега, кога прашината е слегната, посетителите ќе најдат големо задоволство за нивната љубопитност, пишува во текстот.
Авторката им препорачува на посетителите да се изгубат" во тесните улички на Старата скопска чаршија, да ја преминат реката Вардар преку Камениот мост и да прошетаат на плоштадот "Македонија" со Триумфалната капија, спомениците на националните херои, осветлените фонтани. Пишува за ризницата на византиската уметност - манастирот од 12 век "Свети Пантелејмон", за жичарницата на Водно.
Авторката на овој текст го препорачува и "Урбан хотел" како добро и евтино место за преноќување, но и рестораните "Стара куќа", "Плаца де Торос", "Ања"... каде што може вкусно да се најадете.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου