Σελίδες

Τρίτη 6 Μαΐου 2014

Ακόμα μία δικαίωση της Παμμακεδονικής

Σύμφωνα με δημοσίευμα της εφημερίδας Vecer των Σκοπίων η (Μαμά) Βουλγαρία και τα Σκόπια (κόρη) θα συνεορτάσουν τους Αγίους Κύριλλο και Μεθόδιο.
Κινήσεις αναγνώρισης της σχισματικής εκκλησίας των Σκοπίων



Македонија и Бугарија заедно ќе го чествуваат Денот на сесловенските просветители


Заедничкото одбележување на делото на светите Кирил и Методиј во Софија е историски настан и за многумина чекор напред во затоплувањето на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија. На поканата за заедничко чествување на солунските браќа која ја испрати претседателот на Бугарската академија на науките, Стефан Воденичаров, освен неговиот македонски колега академик Владо Камбовски ќе присуствува и поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан. Академиците и свештените лица ќе присуствуваат и на светата литургија која патријархот Неофит ќе ја служи во црквата Свети Александар Невски во Софија.
Архиепископот Стефан, поради нерешениот канонски статус на МПЦ, нема да сослужува на литургијата туку ќе ја следи заедно со останатите присутни. Токму тој момент, заедно со чествувањето на Денот на сесловенските просветители на 11 мај, по новиот календар на Римокатоличката црква кој БПЦ го прифати, а не на 24 мај можеше, но очигледно е дека нема да биде камен на сопнување во заедничкото чествување на празникот. Особено поради фактот што свештеници на БПЦ досега неколкупати заедно сослужувале со свештеници на МПЦ на територијата на Македонија.
- Патувањето на нашиот архиепископ во Софија, на чествувањето на св. Кирил и Методиј, не може да биде на штета на МПЦ. Напротив. Особено важно е тоа што ќе се оствари средба помеѓу бугарскиот патријарх и македонскиот архиепископ на која ќе има можност да се разговара за нашите следни чекори во борбата за рамноправно приклучување на нашата црква со сите останати православни цркви. Инаку, БПЦ не може на своја рака да одлучи за заедничко богослужење до моментот на конечното решение на нашиот статус, изјави за "Вечер" митрополитот на Европската епархија, владиката Пимен. Сличен став има и портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј кој појаснува дека оваа средба не смее да се толкува поинаку освен како приближување на соработката меѓу двете цркви.
На 11 мај, во зградата на Бугарската академија на науките и уметностите ќе се обратат академиците Воденичаров и Камбовски. На оваа свеченост предвидено е да присуствува и правнуката на бугарскиот поет Глигор Прличев, која живее во Софија", пишуваат бугарските медиуми. (Е.А.)

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου