Σελίδες

Πέμπτη 1 Μαΐου 2014

Δημοσίευμα της εφημερίδας των Σκοπίων Utrinski Vesnik: ο ευρωβουλευτής Γιώργος Χατζημαρκάκης ζητά να αποσυρθεί υποψηφιότητα των Σκοπίων για την ένταξη στην Ε.Ε.

ШАЦИМАРКАКИС БАРА ДА НИ БИДЕ ПОВЛЕЧЕН КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС ВО ЕУ


Европратеникот ги смени боите и на овие евроизбори ќе трча по гласовите на грчките, а не на германските гласачи како до сега, па се обиде да поентира на чувствителните националните прашања

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Европратеникот Јоргос Шацимаркакис побара ЕУ да го повлече кандидатскиот статус за Македонија. Шацимаркакис кој ги смени боите и на овие евроизбори ќе трча по гласовите на грчките, а не на германските гласачи како до сега, се обиде да поентира на чувствителните националните прашања и испрати писмо до претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц во кое бара поради назадувањето наместо напредок на Македонија кон ЕУ поради политиката на премиерот Никола Груевски да ни биде одземен статусот кандидат за членство во Унијата.

Шацимаркакис смета дека ЕУ треба да го освести Груевски и да му испрати силна порака дека со политиката која ја води само ја уназадува државата. Европратеникот тврди дека како претседател на Мешовитиот парламетарен комитет Македонија-ЕУ утврдил дека последните години Македонија постигнува само технички напредок, но не и политички, односно немало подобрување, туку влошување на политичкиот дијалот. Забележува дека фактот што се одржале само пет од предвидените 10 седници на Мешовитиот комитет е сигнал дека и двете страни покажуваат незаинтересираност.

„Еден голем дел од одговорноста за незадоволителните врски меѓу ЕУ и БЈРМ лежи кај премиерот Груевски, кој наместо да и помага на државата да напредува, ја држи постојано назад“, пишува Шацимаркакис, наведувајќи го како пример за односот на Груевски неговото јавно обвинување до амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере во 2010. Европратеникот се осврнува и на декемвриските инциденти од 2012, коментирајќи дека е грешка што ЕУ не проговорила силно да ги осуди инцидентите со исфрлањето на опозицијата, новинарите и изгласувањето на буџетот на тој начин.

Според Шацимаркакис слободата на говорот е под знак прашалник во Македонија, а конкретно го потенцира го случајот со апсењето на Томислав Кежаровски.

Загрижувачки според него е односот на владата кон почитување на политиката на соседство и односот кон малцинствата, а аргумент за тоа наоѓа во сите скулптури од проектот Скопје 2014 со кои смета дека македонската влада покажува иредентизам, ја препишува историјата на соседите, ги провоцира Бугарија и Грција, а истовремено и создава тензија со албанското малцинство во Македонија. „Ако БЈРМ продолжи со овие историски битки, би можела да предизвика судири меѓу етничките групи, дестабилизација на Западен Балкан. Чашата се прелеа со поставувањето на скулптурата на српскиот цар Душан. Тоа беше провокација кон албанското малцинство и резултираше со напад на скулптурата од страна на членови на ДУИ. Тажно е што албанската заедница беше повредена особено, бидејќи многумина сметаат дека Албанија е клучна држава за стабилноста на регионот на Западен Балкан“, пишува Шацимаркакис до Шулц.

Негов заклучок е дека поради сите овие проблеми неопходно е ЕУ да испрати силна порака до Груевски и да ни ја повлече кандидатурата за да покаже дека со ова што се случува не сме спремни за членство во ЕУ. Во интервју за грчкото радио "Реал фм", Шацимаркакис додава дека време е ЕУ да ја измени политиката кон Македонија и да покаже сега по изборните резултати во Макеоднија дека веќе не ја прифаќа политиката која ја практикува Груевски.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου