Σελίδες

Πέμπτη 22 Μαΐου 2014

Δημοσίευμα της εφημερίδας Vecer των Σκοπίων


Σύμφωνα με δημοσίευμα της σκοπιανής εφήμ. Vecer Ο Σκοπιανός Πρόεδρος George Ivanov σε ειδική ακρόαση με τον Πάπα Φραγκίσκο.
(Η ιστορία επαναλαμβάνεται όπως με τους προγόνους των σκοπιανών, βούλγαρους)





Папата Франциск од Македонија доби резба Свети Кирил и икона од Богородица


Куриозитет е што претседателот Иванов беше примен во приватната резиденција на папата Франциск, што се смета дека претставува особена чест. По средбата, којашто траеше подолго од предвиденото, Папата и претседателот имаа и пленарни разговори со државната и црковната делегација




Претседателот Ѓорге Иванов вчера во Ватикан беше примен од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
На средбата Иванов и Папата, јави известувачот на МИА, размениле мислења од областа на историјата и односите на Македонија и Ватикан. Куриозитет е што претседателот Иванов беше примен во приватната резиденција на папата Франциск, што се смета дека претставува особена чест.
- Со папата Франциск разговаравме за тоа како во Македонија да ги негуваме вредностите кои се и основа на христијанството, односно почитта на другиот, дијалогот меѓу луѓето и желбата за постигнување мир и сплотеност меѓу луѓето во нашата држава, како и секаде во светот, како мисија што ја промовира и Неговата светост, изјавил по средбата претседателот Иванов. На средбата, Папата ја повторил поканата за посета на Македонија. Оценето било дека во изминатите 20 години од кога се воспоставени дипломатски односи на Македонија и Ватикан се изградени почит и пријателство кои создаваат основа за нова соработка. Тоа, пред се, нагласил претседателот е за користење на архивите коишто ги има Ватикан со документите кои се однесуваат на нас и на нашата историја и на соработка во областа на историјата, културата, каде што може да се најде заеднички интерес.
- Имавме можност за разговор во кој се гледа моќта која ја поседува Неговата светост како личност, како човек, кој навистина сака да постојат прилагодувања на учењата во христијанскиот свет со нашето секојдневие и со сите предизвици кои ги носи денешниот живот, изјавил Иванов по средбата Папата во неговата приватна резиденција, што се коментира како особена чест.

На аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Иванов беше придружуван од сопругата Маја, министрите за надворешни работи и за образование и наука, Никола Попоски и Спиро Ристовски, амбасадоорот на РМ во Ватикан Звонимир Јанкулоски. Црковната делегација ја предводи архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во нејзин состав се митрополитот Европски г. Пимен, епископот Хераклејски г. Климент, отец Климент Мишањ, свештеник во Пјаченца, отец Гоце Костов, парох во струмичката католичка црква.

Папата Франциск од македонската делегација доби на подарок резба Свети Кирил и икона од Богородица, како и книга со црквите во Македонија. По пленарната средба со Папата, претседателот Иванов и делегацијата, во Апостолската палата во Ватикан, имаа средба со државниот секретар на Светиот престол, монсињор Пјетро Паролин.
- Беа отворени повеќе прашања за нашите односи, односно кога сме ги воспоставиле пред 20 години, тоа било под референцата во ООН и оти по 20 години постои можност да почнеме постапка, билатерланите односи Ватикан со нас да ги има со нашето уставно име, рече Иванов.
Тоа, според него, за Македонија е од огромно значење, бидејќи воспоставената традиција ќе се усогласи со новата реалност која постои затоа што со најголем дел од земјите во светот билатералните односи се со нашето уставно име.

Во текот на престојот во Италија македонскиот претседател ќе има билатерална средба со својот италијански колега Џорџо Наполитано, а ќе одржи и предавања на Универзитетот Федерико Втории во Неапол и Институтот на Франко Фратини.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου