Σελίδες

Πέμπτη 8 Μαΐου 2014

Δημοσίευμα της εφημερίδας Vecer των Σκοπίων

Σύμφωνα με την Vecer σε σχετικό δημοσίευμα της τα ΜΜΕ της Ελλάδας ανέφεραν ότι ο Νιμιτς θα είναι σε Ελλάδα και Σκόπια τον Ιούλιο 


Грчки медиуми: Нимиц во јули во Атина и Скопје


Специјалниот посредник на генералниот секретар на ОН за прашањето за името на Македонија, Метју Нимиц планира да ги посети Атина и Скопје на почетокот на јули, потенцираат грчките медиуми во своите извештаи од вчерашната средба во Њујорк.
Медиумите во Грција објавуваат само неколку реченици од завчерашната средба на Нимиц со амбасадорите Јолевски и Василакис, при што нагласуваат оти тој рече дека нема напредок, зборувале за технички прашања кои ќе обезбедат процесот да продолжи и оти одлуките на крајот ќе ги донесат засегнатите страни.

Голем акцент во извештаите се става и на изјавата на грчкиот преговарач Василакис кој во изјава за државната агенција АНА-МПА ја обвини македонската страна дека не направила ништо во спорот за името.
- Грција сака да се најде решение, но другата страна досега нема направено апсолутно ништо. Таа е на иста позиција како што беше во 1995 година, рекол Василакис.
Изјавата на Василакис е очигледна провокација со оглед на предизборниот период во Грција, во кој опозициските партии неколку пати го повикаа премиерот Самарас јавно да се изјасни за прашањето за името. Во исто време, лидерот на Сириза, Алексис Ципрас истакна дека прашањето за името не е решено 25 години токму поради неспособноста на Самарас да се справи со големо национално прашање.

Медијаторот Метју Нимиц во последниот период ги интензивираше разговорите за името и покрај изборите во двете земји. По само еден и пол месец од последната средба во Њујорк, Нимиц завчера имаше нова рунда разговори за името со преговарачите амбасадорите Јолевски и Василакис. По средбите, медијаторот изјави дека не е постигнат напредок, но засилен е интересот за решавање на спорот и дека имајќи ја предвид безбедносната ситуација во светот, интересот за решавање на безбедносни проблеми е засилен, потсетувајќи притоа на ситуацијата во Украина.
- Позициите на двете влади се јасно искажани. Јас дадов повеќе предлози, и има области каде владите не се многу задоволни со аспекти од тоа што го предложив. Ќе побараме решенија во тие области, дали има нови размислувања да се пристапи до проблемот. Имајќи ја предвид ситуацијата во светот, и засилениот интерес за прашања од безбедноста, мислам дека ова е добро време за раководствата на двете земји да видат дали има нови начини да се реши овој проблем, изјави Нимиц по средбата во седиштето на Обединетите нации.

Се очекува посетата на Нимиц на Македонија и на Грција, во текот на летото, откако ќе завршат европарламентарните и локалните избори во Грција, да покаже дали Македонија може да се надева на позитивен исход на време за самитот на НАТО во септември. Амбасадорот додаде дека, по завршувањето на изборните циклуси во двете земји, посетата на регионот ќе овозможи да утврди како изборите влијаеле врз подготвеноста на земјите за постигнување на договор.
- Прашавте дали кај двете земји има поттик да се реши спорот кај двете страни. Мислам дека во сите преговори има граници колку може посредникот да направи. Двете страни имаат интерес, но на крајот раководствата во Атина и во Скопје ќе треба да го решат овој проблем, изјави Нимиц.

Брисел е првата дестинација на Иванов во новиот мандат
Прва дестинација на претседателот Ѓорге Иванов на почетокот на новиот мандат ќе биде седиштето на Европската унија. По свечениот чин на инаугурација и преземање на новиот мандат, Иванов на 15 мај ќе замине на средби со челниците на Европската унија. Македонскиот претседател ќе има средби со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, како и со комесарот за проширување Штефан Филе.

Ваквиот потег на Иванов, на почетокот на вториот мандат, во Брисел се оценува како исклучително позитивен. Фактот дека македонскиот претседател одлучил првите негови средби во новиот мандат да бидат токму со лидерите на ЕУ, кај пошироката европска јавност сигнализира дека Република Македонија под водство на Иванов останува доследна на европскиот курс и агенда, и исполнувањето на стратешките цели за европската интеграција на земјата, коментираат дипломати во Брисел.

Посетата претставува континуитет во политиката на Иванов. Првата негова дестинација по инаугурацијата како шеф на државата и во 2009 година беше Брисел.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου