12 Σέρβοι επίσκοποι μήνυσαν τον "Στέφανο" "Αρχιεπίσκοπο" "της Εκκλησίας" "των Σκοπίων"
(Σημ. Ενωσης : Ο Στέφανος είναι σχισματικός ψευτοαρχιεπίσκοπος των Σκοπίων)
На Стефан ќе му судат 12 српски владици
Според изворите од СПЦ поглаварот на МПЦ можел да биде расчинет или исклучен од црквата. Тој е поглавар на независна црква, па не е јасно од каде ќе биде исклучен
Даниела Трпчевска
Во чудниот процес што ќе го води српската црква против архиепископот Стефан ќе биде покренато обвинение, а црковниот суд ќе биде составен од дванаесет архијереи. Српските владици го товарат поглаварот на Македонската православна црква за најтешки црковни престапи и се закануваат низа санкции. Иако Стефан е поглавар на независна црква српските владици може да донесат одлука да биде расчинет или исклучен од црковната заедница. Доколку поглаварот на МПЦ биде расчинет или исклучен од Црквата, ќе биде трајно лишен од правото да преговара со Српската патријаршија околу статусот на МПЦ-ОА. Ова се дел од информациите кои ги објавуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори во СПЦ, по најавите дека Синодот на Српската православна црква ќе биде покрената црковно-судска постапка на против поглаварот на МПЦ.
Тие навестуваат дека откако ќе биде покренато обвинение против македонскиот поглавар, ќе биде формиран суд од најмалку 12 епископи кои ќе му ја одмеруваат вината. Според практиката востановена во црковните судови, која се разликува од онаа во цивилните, доколку владиката Стефан не се појави на судењето, ќе се смета дека ја признал вината и ќе биде осуден во отсуство. Според СПЦ, одлуката да покренат црковно-судска постапка против поглаварот на МПЦ Стефан претставувала канонски обид да се вразуми и да се откаже од расколот на кој „продлабочено работи повеќе од 12 години“.
На својата насловна страница од 27 август годинава, белградскиот весник „Политика“ објави текст за одлуката да се покрене црковно-судска постапка против г. Стефан, со наслов „СПЦ ќе му суди на поглаварот на непризнаената македонска црква“. Весникот повикувајќи се на анонимни извори пишува дека се сменило расположението меѓу архијереите на МПЦ и дека голем број од нив не се согласуваат со потезите на архиепископот Стефан и со судските гонења на владиката Јован Вранишкоски.
„Поглаварот на МПЦ неодамна испрати писмо до архијереите на неколку помесни православни цркви во кое, според српските свештеници тој го клеветел архиепископот Јован (Вранишкоски) и му се заканувал. Црквата не реагира инстинктивно и не се работи само за тоа писмо, тука во прашање се дванаесет години прогон и страдања. Дванаесет години српската црква го повикува архиепископот Стефан да го прекине прогонот врз владиката Јован и Охридската архиепископија. Не само што судски го гони владиката Јован, туку тој го прошири прогонот и врз останатите архијереи, свештенството, монаштвото и верници, а 19 од нив се осудени условно на по две години затвор“, објаснува соговорникот за „Политика“.
Светиот Архиерејски Синод на Српската православна црква на проширена седница, која се одржа неделава одлучил да покрене црковно-судска постапка против поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан. Како што соопшти СПЦ, постапката е покрената „заради упорното останување во раскол, нехристијанското учество во прогонот на архиепископот Јован, канонскиот поглавар на автономната Охридска архиепископија и неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и заради низа други антиканонски активности“.
Одлуката Синодот на СПЦ да поведе црковно-судска постапка против поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, ја пренесоа српските медиуми со едно дополнување. Услов за продолжување на дијалогот, освен ослободувањето на Јован е и почитувањето на Нишкиот договор од 2002 година. Одлуката да поведе постапка против поглаварот на МПЦ патријархот Иринеј им ја соопштил и на вселенскиот патријарх Вартоломеј и на рускиот Кирил.
Професорот Цане Мојановски смета дека со ваквите одлуки СПЦ го користи монополот, којшто го има, за да го извалка православното живеење на Македонците и веројатно додека моќта е во рацете на сегашната црковна структура во Србија, тешко дека ќе дојде до некакво придвижување во разговорите меѓу двете цркви и решавање на долгогодишниот спор.
Црковниот спор, според Мојановски, нема само верски, туку и политички импликации, но она што особено го изненадува е однесувањето на црковните великодостојници, кои зборуваат едно – а прават сосема друго. „Ако основното кредо на црквата е да се проштева, српскиот црковен врв покажува сосема поинакви манири и однесување. Тие не можат да наметнуваат одлуки во друга суверена држава, ниту пак на црква, која не е под нивна ингеренција“, вели тој.
МПЦ преку својот портпарол владиката Тимотеј деновиве го изнесе својот став за проблемот. „Оваа одлука на СПЦ нема никаква важност за МПЦ и за поглаварот Стефан. Не ми јасно врз основа на кои канони ќе ја донесат одлуката. Како можат да му судат на нашиот архиепископ кога СПЦ уште во 1959 година донела одлука со која нејзиниот Устав престанува да важи за епархиите во Македонија. Односно, дека МПЦ се одвоила во самостојна црква. Нема никакво право врз основа на кое тие можат да покренат судењето. Тие немаат никакви ингеренции во Македонија“, изјави владиката Тимотеј. Според него, СПЦ во досегашните преговори не се заканувала со црковните судења на македонските владици.

Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου