Σελίδες

Τετάρτη 14 Μαΐου 2014

Σύμφωνα με δημοσίευμα της Σκοπιανής εφημερίδας Vecer η σχισματική εκκλησία των Σκοπίων θα ζητήσει την απελευθέρωση του νόμιμου εκπροσώπου της εκκλησίας που επιθυμεί να ξαναγυρίσει το καθεστώς πριν το 67 της κανονικής εξάρτησης από το Πατριαρχείο Σερβίας Jovan Vraniskovski.
Κίνηση τακτικής από τα Σκόπια.




Слобода за Вранишковски значи подобра позиција за МПЦ


Ослободувањето на Јован Вранишковски пред тој да ја издржи целата затворска казна што му е изречена ќе ја отстрани најголемата пречка во преговорите со Српската православна црква и ќе ја подобри позицијата на МПЦ-ОА пред меѓународните институции. Овој став, како што дознава ВЕЧЕР, го имале поголемиот број владици на вчерашната вонредна седница на Синодот, на која единствена точка на дневен ред беше разгледување на случајот "Вранишковски". Ослободувањето на поранешниот владика од затвор е посочувано како единствен проблем и главна кочница во процесот на признавањето на автокефалноста на МПЦ.
- Најголем дел од Синодот на МПЦ е за ослободување на Јован Вранишкоски, но по неколкучасовната жолчна расправа и една долга пауза, беше одлучено точката да се одложи до следната седница, на која ќе биде задолжително присуството на сите владици - велат извори од Синодот за ВЕЧЕР, кои информираа дека на вчерашната седница не присуствувале владиците Методиј и Пимен.

И портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј само кратко изјави дека ситуацијата останува на "статус кво" се до следната седница. "Нема ништо ново што би ве интересирало", кратко одговори портпаролот на Синодот. Претходно, тој за медиумите изјави дека ослободувањето на поранешниот владика ќе помогне во признавањето на МПЦ-ОА, бидејќи е категоричен услов кој го поставуваат сите цркви - и Српската и Вселенската патријаршија и Бугарската православна црква. Јавна поддршка на ставот на владиката Тимотеј искажа и европскиот владика Пимен, а како што дознаваме, "за" биле и претставниците на таканаречното младо крило на Синодот.

Владиците кои не ја поддржуваат иницијативата за ослободување на Вранишковски велат дека тоа не е во нивна надлежност, дека е тој осуден за криминал и дека немаат право да расправаат по одлуки на судската власт.
- Ние ниту сме го затвориле, ниту, пак, можеме да го ослободиме. Некои си мислеле дека ние сме тие кои можеле да влијаеме на одлуката, небаре ние сме го затвориле и сега ние треба да го ослободуваме од затвор. Си има процедура. Процедурата, ако треба да се запази, тој треба самиот да си побара да го побара тоа, па надлежните органи да го разгледаат неговото барање. А неговиот адвокат има кажано дека тој не сака ослободување и сега, како може да го ослободите кога тој самиот одбива такво нешто? Тоа се желбите на некои браќа архијереи, ама тоа нема никаква врска со реалноста - коментираат тие.

Вранишковски ќе биде во затвор уште две години. Тој е осуден за проневера на 250 илјади евра црковни пари и обид за нивно перење преку купување на имот и земјиште во Скопје и во Штип на име на неговата нерегистрирана ПОА.

Расправата за случајот "Вранишковски" е дел од одлуката на Синодот да почне со поинтензивна кампања за да се обноват преговорите со СПЦ, а македонскиот архиепископ г.г. Стефан испрати и писмо со иницијатива за обновување на прекинатите преговори. Во Белград за писмото, најверојатно, ќе се расправа утре, за кога е закажан Светиот архијерејски собор на СПЦ. Оттаму веќе испратија сигнали дека македонската црква прво треба да се врати во "автономна положба" и дури потоа да се разговара за некаква автокефалност.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου