Σελίδες

Τρίτη 13 Μαΐου 2014

Δημοσίευμα της εφημερίδας Vecer των Σκοπίων

Σύμφωνα με Δημοσίευμα της Σκοπιανής εφημερίδας Vecer η Ουάσινγκτον επιμένει στην ένταξη των Σκοπίων στο ΝΑΤΟ τον Σεπτέμβριο.




Вашингтон инсистира на прием на Македонија во НАТО во септември!

И покрај неприближените јавни ставови на Скопје и Атина во однос на прашањето за името, професорот Димитар Мирчев за ВЕЧЕР коментира дека со ангажман на САД, на ЕУ, и другите членки, партнери и пријатели на Македонија, можно е да се дојде до решение и до септември

Грчките медиуми се поинтензивно предупредуваат на "ново сценарио на САД за прием на Македонија во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата". По провладиниот "Катимерини" и неделникот "Епикера", сега и грчки "Парон" во два текста се посветува на ова прашање. Пишува дека "Грција има голем проблем со името на Скопје, во пресрет на септемврискиот самит на НАТО што ќе се одржи во Кардиф, Велика Британија".
- Американскиот став е дојден дотаму што силно се залага за влез на Скопје во НАТО и тоа може да влијае на позициите на другите земји кои се за интеграција на Македонија во НАТО и се во корист на почеток на пристапните преговори со ЕУ, пишува весникот.

"Парон" ги обвинува грчките дипломати во Атина и Вашингтон што не биле присутни на конференцијата во Вашингтон што ја организираше Атлантскиот совет на САД, а на која зборуваа министри од регионот, потпретседателот на САД Џозеф Бајден, државниот секретар Џон Кери и голем број лидери и експерти од областа на надворешната и безбедносната политика.
- Му се восхитуваме на министерот за надворешни работи Никола Попоски што беше поканет да зборува на една од најважните конференции организирани од страна на Атлантскиот совет во Вашингтон, на која, меѓу другите, зборуваа и потпретседателот Бајден и државниот секретар Кери, пишува Парон".

Весникот потенцира дека Попоски во Вашингтон го користел уставното име и во своето обраќање ја повторил стратешката цел на Македонија да влезе во НАТО и објаснил дека "во тоа во голем дел е спречена од Грција".
- Не барајте, немаше грчко учество, и судејќи според нивото на составот на грчката амбасада во Вашингтон, веројатно дури ниту во публиката немаше некој барем да го снима тоа што го рече господинот Попоски и со кого се видел, остро весникот ги критикува домашните дипломати.

И покрај неприближените јавни ставови на Скопје и Атина во однос на прашањето за името, професорот Димитар Мирчев за ВЕЧЕР коментира дека со ангажман на САД, на ЕУ, и другите членки, партнери и пријатели на Македонија, можно е да се дојде до решение и до септември.
- Ние во Македонија се уште немаме индикации дека Вашингтон и Брисел вршат притисок за решение на името, но би било убаво нашите надворешно политички партнери и пријатели да се ангажираат за решавање на спорот, кој доаѓа во фаза во која им штети на сите. Доколку се точни тие наводи во Атина, претпоставувам дека би било добро да се пренесат и на медијаторот, со сугестии за некои нови решенија или варијации од старите. Со ангажман на САД, на ЕУ, па и другите членки, партнери и пријатели на Македонија, сметам дека е можно да се дојде до тоа решение и до септември, вели професорот Мирчев.

Неделникот "Епикера" деновиве објави дека лично американски претседател Барак Обама има испратено порака да се изврши притисок врз грчката Влада за Македонија да има чист пат за влез во Алијансата во септември. Според весникот, американскиот ултиматум за решавање на спорот до претстојниот Самит на НАТО "е особено лошо за грчкиот премиер Андонис Самарас и шефот на дипломатијата Евангелос Венизелос, бидејќи неговото вмешување ќе ги повлече на негова страна целата американска дипломатија и странските лидери". Повикувајќи се на дипломатски извори, неделникот пишува дека Вашингтон инсистира кај Атина конечно да се реши спорот за името поради случувањата во Украина и потребата Западот да покаже единство и сила пред Русија, а отвореното прашање не оди во полза на американската стратегија во регионот. Епикера" потсетува дека покрај американските притисоци постојат и германски, бидејќи и Берлин се повеќе притиска за да се најде решение.

Претходно и грчкиот провладин весник "Катимерини" во текст на новинарот Атанасиос Елисон, чии брифери досега многу пати се потврдиле како веродостојни, објави дека се зголемуваат притисоците врз Атина за затворање на прашањето за името и прием на Република Македонија во Северноатлантската алијанса на претстојниот самит во Велс. (В.С.)


Ердоган: Македонија секогаш ќе остане Македонија - Грците не се во право!
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на конференција истакна дека Турција е пријател на Македонија и секогаш ќе стои зад неа.
- Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, затоа што Грција не е во право. Македонија секогаш ќе остане Македонија. Тоа што сме го заборавиле во 1912 сега можеме да го поправиме, рекол Ердоган според кого.

Ердоган за време на конференцијата порача дека Македонците и Турците се браќа.
- За нас, Анкара и Скопје немаат никаква разлика и никогаш нема да ги оставиме нашите браќа сами, секогаш ќе сме со нив, и секогаш ќе им помагаме и стоиме позади нив, рече турскиот премиер.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου