Σύμφωνα με δημοσίευμα της εφημερίδας Utrinski Vesnik των Σκοπίων ο Νίμιτς πιέζει Ελλάδα και Σκόπια για λύση στο θέμα του ονόματος.
НИМИЦ АПЕЛИРА ПО ИЗБОРИТЕ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ДА ПОРАБОТАТ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО
Миркица Поповиќ
Медијаторот Метју Нимиц ги повика македонската и грчката влада по завршувањето на изборите посериозно да се позанимаваат со спорот за името. Нимиц не понудил нов предлог, но најави дека планира да го посети регионот на почетокот на јули со цел да поразговара со двете страни околу модифицирање на постоечките предлози и формулирање на име кое ќе ги задоволи барањата и на двете страни.
Медијаторот на денешната средба со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски разговарал и за постоечките предлози, како и за изборниот процес и во Македонија и во Грција и какво влијание тој би можел на има на прегворите за името.
„Со завршувањето на изборите, двете влади треба да му дадат повеќе внимание на ова прашање кое постои веќе долго време“, истакна Нимиц по средбата во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Потенцираше дека позициите и на двете страни се многу добро познати и бидејќи спорот постои долго време треба да се разгледаат можностите дали може да се направи некаков напредок.
Медијаторот отворено побара од двете влади да преземат поголема одговорност и да покажат лидерство за да се најде решение. „Во секои преговори ставовите на двете страни се најважни. Медијаторот може да направи нешто само до одредена точка, но на крајот на краиштата ќе биде потребно лидерство од Атина и Скопје за да се реши овој проблем“, истакна тој. Нимиц за прв пат до сега спомена дека треба да се земе предвид зголемениот интерес и загриженоста за безбедноста во светски рамки и порад ова покаже сериозно лидерство за решавање на проблемот.
Денешната средба, втора по ред годинава по средбата пред македонските парламентарни и претседателски избори во март, ја оцени како суштинска и корисна. Се разговарало за ставовите на двете страни, како и некои сегашни и постари аспекти од преговорите. Сепак, медијаторот потенцираше дека не сака да ја оцени средбата како рунда на која е постигнат напредок бидејќи целта на оваа средба воопшто не била да биде интензивна преговарачка сесија.
Медијаторот не доставил нов предлог. Напротив, посочи дека не е многу корисно пречесто да се даваат нови предлози, образложувајќи дека се работи на корегирање на постарите идеи. Целта на Нимиц при посетата на регионот летово ќе биде да дискутира со грчката и македонската влада околу тоа дали има нови идеи како да се изменат аспекти од старите предлози за да бидат поприфатливи. За потсетување грчката страна експресно го одби последниот предлог на Нимиц бидејќи географската одредница стоеше пред терминот Република, со инсистирање да стои пред „Македонија“ за да има јасно разграничување меѓу двете територии. Идејата е при посетите летово да го опипа пулсот во Атина и Скопје дали постои некое ново размислување во насока наа решение или некои нови начини како може да се изменат проблематичните аспекти за да се најде решение за спорот. „Целта е да имаме заеднички прифатливо решение. За сега го немаме постигнато тоа“, потенцираше Нимиц
Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου