Διεκδικούμε πολιτισμικά, εθνογραφικά και ιστορικά το Μοναστήρι, Γευγελή, Στρώμνιτσα, Κρούσοβο, Αχρίδα, Πετρίτσι, Άνω Τσουμαγιά, Ανατολική Ρωμυλία,Kωνσταντινούπολη,Μ.Ασία,Πόντο,Κύπρο,Β.Ήπειρο...

24 ΦΕΒΡΟΥΑΡΙΟΥ ΗΜΕΡΑ ΑΝΑΓΝΩΡΙΣΗΣ ΓΕΝΟΚΤΟΝΙΑΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΥ ΕΛΛΗΝΙΣΜΟΥ

Σάββατο 24 Μαΐου 2014

Δημοσίευμα της Εφημερίδας Vecer των Σκοπίων

Σύμφωνα με δημοσίευμα της Vecer τα Σκόπια έχουν την υποστήριξη της Ιταλίας για την ένταξη τους στην Ε.Ε.





Целосна поддршка од Италија за членство на Македонија во ЕУ и во НАТО

Идниот претседавач со Европската унија потврдува дека проширувањето останува високо на агендата. Италијанскиот колега му пренел на претседателот Иванов дека Македонија со право истрајува на општо прифатените принципи за почитување на меѓународното право и го повторил неговиот став дека ЕУ без Балканот се уште не е Европа


Македонија има целосна поддршка од Италија во заложбите за членство во НАТО и во ЕУ и со право истрајува на позицијата за почитување на меѓународното право. Во идното претседавање на Италија со ЕУ проширувањето останува високо на агендата, а македонската држава може да смета на максимална поддршка и за развој на инфраструктурата и останатите области, му посочил претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, на вчерашната средба во Рим.

Двајцата претседатели разговарале за отворените прашања со кои се соочува ЕУ, блокадите на Македонија во изминатиот период и за тоа како да се најде начин да успее во заложбите да стане членка на НАТО и на ЕУ.
- Од нивна страна, како и досега, ја имаме целокупната поддршка и помош и тие ќе бидат нашиот глас за време со претседавањето со ЕУ - изјави по средбата Иванов.

Заедничка оценка на македонскиот и на италијанскиот претседател е дека политичкиот дијалог меѓу двете држави е на највисоко ниво и е добра основа за продлабочување на соработката во сите области.
- Не случајно мојата прва билатерална посета во вториот мандат е Италија, затоа што е следниот претседавач со Европската унија и голем пријател на Македонија. Минатата година одбележавме 20 години од воспоставувањето дипломатски односи и за овие години Италија стана нашиот петти трговски партнер на Македонија. Не поддржуваат во сите наши заложби и Италија е навистина земја-пријател на Македонија. Со претседателот Наполитано разговаравме за тоа дека во претседавањето со Унијата проширувањето останува високо на агендата - истакна претседателот Иванов.

Со неговиот италијански колега разговарале за меѓународното право во контекст на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, при што е истакнато дека Македонија со право истрајува на општо прифатените принципи за негово почитување. Разговаравме, посочи Иванов, особено во контекст на неговата изјава што ја даде во Варшава, кога рече дека се уште ЕУ не е Европа и оти со вклучување на Западен Балкан конечно ЕУ ќе може да зборува во името на цела Европа.
- Во тој контекст, беше спомнат и нашиот случај, особено со пресудата од Меѓународниот суд во Хаг, затоа што во последно време имаме случаи кога европски лидери се повикуваат на меѓународното право, а во други случаи забораваат истото тоа да го потенцираат за Македонија. Претседателот на Италија кажа дека меѓународното право мора да се почитува, односно меѓународната заедница има обврска за почитување на воспоставениот стандард на целата планета, а тоа е меѓународното право. Исто така, и дека Македонија со право истрајува на она што се општо прифатени принципи, коишто треба да ги почитува секоја земја, затоа што ние со Грција сме презеле меѓусебни обврски со Привремената спогодба. Таа не ја почитува, поради што беше нашиот случај во Хаг, рече Иванов, потенцирајќи дека однесувањето кон пресудата на Меѓународниот суд во Хаг не ни дава гаранција дека Грција ќе почитува каква било идна спогодба или договор.

Македонија од Италија, додаде, очекува поддршка и во настојувањата за членство во Јадранско-јонската иницијатива, каде што италијанската држава е еден од значајните партнери.
- Тоа, пред се, ни овозможува нашиот регион да се развива инфраструктурно и да имаме поврзување со останатите држави од регионот. Затоа, заложбите на Италија се Коридорот 8 да се оформи и тие ќе го поддржат тој процес, затоа што тоа е и во нивен интерес - посочи Иванов.
Тој во Италија ја предводи македонската државна делегација во рамките на чествувањето на свети Кирил. Четириесет и шестата традиционална манифестација во чест на свети Кирил, според Иванов, исто така, е традиција која ги зближува Македонија и Италија на културен план. Соработката, пак, во областа на образованието, меѓу останатото, ќе се продлабочи и со меморандумите за соработка на македонски и италијански универзитети предвидени при престојот на Италија.

По средбата со Наполитано шефот на македонската држава го посети Италијанското здружение за меѓународни односи и одржа предавање на тема "Од Виа Игнација до Виа Европа".

Δεν υπάρχουν σχόλια: