Διεκδικούμε πολιτισμικά, εθνογραφικά και ιστορικά το Μοναστήρι, Γευγελή, Στρώμνιτσα, Κρούσοβο, Αχρίδα, Πετρίτσι, Άνω Τσουμαγιά, Ανατολική Ρωμυλία,Kωνσταντινούπολη,Μ.Ασία,Πόντο,Κύπρο,Β.Ήπειρο...

24 ΦΕΒΡΟΥΑΡΙΟΥ ΗΜΕΡΑ ΑΝΑΓΝΩΡΙΣΗΣ ΓΕΝΟΚΤΟΝΙΑΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΥ ΕΛΛΗΝΙΣΜΟΥ

Παρασκευή 28 Μαρτίου 2014

Δημοσίευμα Σκοπιανής εφημερίδας

 Σύμφωνα με το παρακάτω δημοσίευμα της Σκοπιανής εφημερίδας Vecer Σκοπιανοί 'επίσκοποι' σε 'εκστρατεία' αναγνώρισης της σχισματικής 'εκκλησίας΄των Σκοπίων.

Македонските владици во мисија за признавање на МПЦ

Во следниот период посебно внимание ќе се посвети на обновувањето на процесот на разговори на Македонската православна црква - Охридска архиепископија со сестринските помесни православни цркви, а пред се, со Српската православна црква

Македонските владици и свештенството во следниот период посебно внимание ќе посветат на обновувањето на процесот на разговори на Македонската православна црква - Охридска архиепископија со сестринските помесни православни цркви, а пред се, со Српската православна црква, со цел да се постигне конечно прифаќање на Македонската православна црква како рамноправна членка во семејството на православните цркви. Ова било одлучено на вчерашната седница на Светиот архиерејски синод, на кој црковниот врв посебен акцент ставил на разгледувањето на овој дел од Предлог-програмата на активности за следните месеци.
Дека се подготвува нов пристап за решавање на спорот преку дијалог уште на почетокот на годинава во интервју за ВЕЧЕР најави и македонскиот архиепископ, г.г. Стефан, кој и тогаш го повтори ставот на МПЦ-ОА дека се работи за наметнат проблем со чисто политичка, а не теолошка позадина.
- Кај нас желбата за дијалог никогаш не престанала. Всушност, ние сметаме дека проблемите треба да се решаваат со разговор, но со рамноправни соговорници, без ултиматуми и притисоци од каков и да е вид. Никој, а особено ние епископите на црквата не треба да излегуваме со произволни изјави и толкувања, конкретно за вакви чувствителни и важни теми. Се треба да биде во знакот на љубовта со која Христос не ослободи - одговори г.г. Стефан во ексклузивното божиќно интервју за ВЕЧЕР на прашањето има ли расположение во редовите на СПЦ да се почне дијалог со СПЦ, особено по пораката на српскиот епископ од прославата на Миланскиот едикт во Ниш дека сме парацрква.
- МПЦ веќе комуницира со повеќе помесни православни цркви, дури и наши архиереи сослужуваат со нивни архиереи. Но, ни треба прифаќање од сите - истакна поглаварот на МПЦ во истото интервју, во кое го потенцираше и фактот дека случајот "Вранишковски" е инсталиран проект со цел разнебитување на МПЦ, проект кој, во основа, е длабоко криминализиран.
На вчерашната седница на Синодот, пишува во соопштението од канцеларијата на Синодот, биле разгледани и заклучоците од неодамна завршената средба на поглаварите на помесните православни цркви во Неделата на православието во Цариград, како и за подготовките за одржувањето на Великиот православен собор, кој треба да се одржи во 2016 година.
Синодот ја разгледал и информацијата за материјалното функционирање на црковните институции во општествениот систем во државава, а се разгледувале и предложените мерки за заштита на сакралните вредности, кои се цел на секојдневни кражби и сквернавења.

Δεν υπάρχουν σχόλια: