Διεκδικούμε πολιτισμικά, εθνογραφικά και ιστορικά το Μοναστήρι, Γευγελή, Στρώμνιτσα, Κρούσοβο, Αχρίδα, Πετρίτσι, Άνω Τσουμαγιά, Ανατολική Ρωμυλία,Kωνσταντινούπολη,Μ.Ασία,Πόντο,Κύπρο,Β.Ήπειρο...

24 ΦΕΒΡΟΥΑΡΙΟΥ ΗΜΕΡΑ ΑΝΑΓΝΩΡΙΣΗΣ ΓΕΝΟΚΤΟΝΙΑΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΥ ΕΛΛΗΝΙΣΜΟΥ

Πέμπτη 24 Απριλίου 2014

Ζαν Κλωντ Γιουγκερ: Η Ευρωπαϊκή προοπτική των Σκοπίων δεν θα απορριφθεί

23.04.2014, 13:37
ЈУНКЕР: ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА НА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОТФРЛЕНА
Поранешниот претседател на Еврогрупата и екс-премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер, денеска на прес-конференција во Брисел, промовирајќи ја кандидатурата за иден претседател на Европската комисија, потврди дека европската перспектива на Република Македонија нема да биде отфрлена во иднина.

Одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, Јункер кој е кандидат на најсилната партија во Европскиот парламент - Европските народни партии (ЕПП), ја потврди јасната ЕУ-перспектива на нашата земја, но и дека во наредните пет години, ниту една земја нема да стане нова членка на Европската унија.

- Не сум сугерирал дека на проширувањето на Унијата му е потребна пауза. Напротив, преговорите треба да продолжат. Но, како и многу мои колеги од Европскиот совет, Европската комисија и од Европскиот парламент, мислам дека нема да има ново проширување во следните пет години, посочи Јункер.

- Тоа не значи дека европската перспектива на земји како вашата и останатите Балканските земји ќе биде отфрлена. Не го велам тоа, туку само дека нема да има ново приклучување кон ЕУ во следните пет години. Ама, повторувам дека пристапувањето кон Унијата треба да продолжи, додаде Јункер одговарајќи на прашањето, но одбивајќи да го изговори името на нашата земја, како и да каже што тој би сторил како иден претседател на Комисијата за да се почитуваат препораките на оваа институција до Европскиот совет и Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Според последните анкети на мислењето во 28-те земји-членки на Унијата, на престојните избори за 751 член на Европарламентот, ЕПП што го кандидаира Јункер за челник на неформалната Влада на Унијата, повторно ќе биде победник. Тоа значи дека искусниот луксембуршки политичар најверојатно ќе го превземе местото на Жозе Мануел Барозо, а според шпекулациите, дури и да не се случи такво нешто и неговиот против-кандидат од таборот на европските социјал-демократи, Мартин Шулц, да стане прв човек на Еврокомисијата, во тој случај Јункер, како кандидат на германската партија ЦДУ на Ангела Меркел, ќе го превземе претседателското место во Советот од страна на Херман ван Ромпуј.

Инаку, на неговата денешна промоција во Брисел, Јункер истакна дека за 30 дена, повеќе од 300 милиони европски граѓани ќе гласаат во сите 28 ЕУ-земји за директно да изберат 751 членови на Европскиот парламент, но и според Лисабонскито договор - нов претседател на ЕК, со оглед на тоа што главните политички партии на ливчињата за гласање ги ставаат и имињата на нивните кандидат за ова место.

- Следниот претседател на Комисијата ќе мора најпрво да го предложи Европскиоt совет, со квалификувано мнозинство, а по увидување на резултатите од изборите за ЕП, а потоа 376 членовина Европарламентот да гласаат за него. Кандидатот на политичката групи што ќе биде најсилна во следниот состав на Европарламентот, треба да биде следен претседател на Еврокомисијата. Се друго ќе биде против демократскиот процес оти е крајно време европските граѓани да видат дека ЕК е водена од избрани политичари, а не од неизбрани бирократи, истакна Јункер.

Кандидатот на ЕПП ги истакна и своите пет приоритети како иден челник на Европската комисија. Според Јункер, тоа е најпрво политиката на создавање нови работни места и економски раст во центарот на следното дeлување на ЕК и генерирање на нови 500 милиони евра за оваа цел. Како втор приоритет, екс-премиерот на Луксембург посочи дека ќе биде реформирањето и реорганизацијата на европската енергетска политика во нова европска енергетска унија, со акцент на тоа дека ако е прескапа енергијата што се добавува од Истокот, ЕУ да може да најде нови добавувачи. Трет приоритет на кандидатот на европските демохристијани ќе биде да преговара за разумен и балансиран трговски договор со САД, додека четврти приоритет му е реформа на монетарната унија, пред се најзината социјална димензија. Петти приоритет на Јункер, ако стане претседател на неформалната Влада на Европската унија, според него ќе биде да најде одговор за, како што вели „британското прашање”, што значи како да се задржи Велика Британија во ЕУ, а без да се бара од неа да влезе во Еврозоната или Шенген-зоната.

Изборите за Европски парламент во ЕУ-земјите ќе се одржат меѓу 22 и 25 мај, а сегашниот состав на Европската комисија има мандат до крајот на октомври оваа година, по што ќе ги заменат други еврокомесари.


Δημοσίευμα της εφημερίδας UTRINSKI VENSNIK

Δεν υπάρχουν σχόλια: