Ουκρανία τα άρματα είναι έτοιμα
Αρχίζει ο Πόλεμος
Киев започна офанзива во Доњецката област!
Украинската милиција соопшти дека проруските сепаратисти доброволно си заминале од управата на милицијата во градот Краматорск, која беше заземена од вооружени лица во саботата
Специјална операција започна вчераутро во северниот дел од источноукраинската Доњецка област, соопшти на седница на Парламентот времениот претседател Олександр Турчинов, кој претходно го потпиша указот за воената операција против проруските демонстранти.
- Антитерористичката операција ќе се води по фази, одговорно и осмислено, рече Турчинов и истакна дека целта на операцијата е да бидат заштитени граѓаните. Тој ја обвини Русија дека има брутални планови за дестабилизација на југоистокот на Украина".
Од различни области во источна Украина претходната ноќ пристигнуваа пораки за движење на армиска техника, јави вчера Радио Глас на Русија. Тенкови и друго тешко оружје било регистрирано на приодите кон Славјанск, неколку оклопни возила биле забележани во околината на Краматорск, а во една воена колона експерти регистрирале и ракетни системи Град.
Некаде кон пладне вчера украинската милиција соопшти дека проруските сепаратисти доброволно си заминале од управата на милицијата во градот Краматорск, која беше заземена од вооружени лица во саботата.
На акцијата на украинските безбедносни сили им претходеа демонстрации пред Парламентот во Киев, на кои се бараше порешителна акција на Владата против проруските сепаратисти во источна Украина и оставка на министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков.
Шефот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Андреј Парубиј, вчера потврди дека првиот баталјон на Националната гарда го напуштил Киев и се упатил кон југоисточниот дел на земјата. Тој истакна дека баталјонот е составен од доброволци од силите за самоодбрана Мајдан", јави телевизијата Раша тудеј".
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави вчера дека Москва остро ги осудува овие потези на украинската власт и бара од Киев да престане да испраќа безбедносни сили на исток во Украина, бидејќи тоа е против меѓународното право.
- Уверени сме дека употребата на сила со цел решавање на проблемите на исток во Украина е неприфатлива и оти уставните реформи мора да претставуваат решение за кризата - изјави Лавров. Тој додаде дека одлуката на Киев да ги вклучи ОН во незаконска акција" на југоисток во Украина за да оправда агресивни планови е неприфатлива" и целосно неадекватна".
- Тоа значи дека украинската власт не му дава на сопствениот народ право да го искаже својот став и да протестира против беззаконието - додаде тој.
Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, на неговиот Фејсбук профил напиша дека во Украина повторно се пролева крв и оти државата се наоѓа во предворје на граѓанска војна и тоа е за жалење".
- Причина за украинската трагедија е тоа што легитимната власт не се ни обидела да одржи ред и закон во оние делови од државата каде што првично почна заземањето на административните згради - пишува Медведев.
Украинскиот Десен сектор", екстремистичка националистичка организација, бара затворање на границата со Русија, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на соопштение објавено од движењето. Инсистираме да бидат затворени границите на Украина и бидејќи Русија тврди дека зелените човечиња" не се нејзини војници, бараме овие терористи да бидат ликвидирани", се наведува во документот.
Во веќе отцепениот Крим, Украина ја намали испораката на вода дури 12 пати, го известил премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов, претседателот на Русија, Владимир Путин. Поради зависноста од водоснабдување на Крим од Украина, Владата во Симферопољ разгледува неколку алтернативни решенија. Во меѓувреме, Русија масовно му издава руски државјанства и пасоши на кримското население.
Харпер: Активностите на Русија се империјалистички
Канадскиот премиер, Стивен Харпер, изјави дека активностите на Русија против Украина се агресивни, милитаристички и империјалистички и дека е време секој да ја признае сериозноста на оваа закана.
- Руски провокатори испратени од режимот на Путин окупираат 10 згради во Источна Украина - изјави Харпер, според кого, тоа е најголемата закана за мирот и стабилноста во светот по крајот на Студената војна.
Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου