Εφημερίδα Vecer 3/4/2014
"Τα Σκόπια και η Βουλγαρία να ενωθούν γύρω από την αντικειμενική αλήθεια"
Бугарија и Македонија да се обединат околу објективната историска вистина!
Токму прашањето за толкувањето на историјата е еден од трите главни проблеми поради кои формираните групи од двете страни не можат да дојдат до компромис за потпишување на Договорот за добрососедство, на кој инсистира Бугарија. Другите два се јазикот на кој ќе биде потпишан документот и барањето на официјална Софија, Македонија да се откаже од правото да ги штити правата на македонското малцинство во Бугарија
Да престанат антибугарската и антимакедонската кампања и конечно двете страни да се обединат околу објективната историска вистина, порача европратеникот од политичката партија ГЕРБ на Бојко Борисов, Андреј Ковачев, во Европскиот парламент во Брисел. Сепак, како што пренесуваат бугарските медиуми, Ковачев самиот изразил скептицизам кон овие свои очекувања поради драстично различната слика што ја гледал кај политичките врвови во Скопје.
Вчера пред колегите европратеници Ковачев презентираше книги, кои, како што пишуваат бугарските медиуми, содржеле автентични документи за македонските Бугари од 19. и 20 век. Книгите содржеле жалби на македонските Бугари и на бугарската власт кон Лигата на нации во Женева.
- Претставувањето на книгите за жалбите на македонските Бугари е во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија, како и на изборите за претседател - пишува бугарски Фокус.
Со дебатата во ЕП за документирање на состојбата на македонските Бугари преку претставување уникатен сет на документи на Лигата на народи за нивната документирана состојба од крајот на 19. и почетокот на 20. век, бугарските европратеници, предводени од Андреј Ковачев, уште еднаш се обидоа да ја прикријат неправдата кон македонското малцинство, кршењето на основните човекови права, непризнавањето на Македонците и репресијата при обидите за регистрирање на македонска политичка партија во Бугарија.
Токму прашањето за толкувањето на историјата е еден од трите главни проблеми поради кои формираните групи од двете страни не можат да дојдат до компромис за потпишување на Договорот за добрососедство на кој инсистира Бугарија. Другите два се јазикот на кој ќе биде потпишан документот и барањето на официјална Софија, Македонија да се откаже од правото да ги штити правата на македонското малцинство во Бугарија. Софија бара гаранции од Македонија дека членот 49 од Уставот не претставува основа за мешање на Република Македонија во внатрешните работи на Бугарија. Според членот 11 од Декларацијата за добрососедство од 1999 година, потпишана од тогашните премиери на двете земји, Љубчо Георгиевски и Иван Костов, која сега Бугарите бараат да прерасне во Договор за добрососедство, Македонија, всушност, презема низа обврски без истите тие да бидат преземени и од другата страна. Источниот сосед бара македонски потпис дека земјава се откажува од правото да ги штити правата и статусот на Македонците кои живеат во Бугарија, што е директна штета на македонските национални интереси. Скопје и Софија не можат да се договорат и на кој јазик да го потпишат документот. Според бугарскиот шеф на дипломатијата, тоа е техничко прашање и би можела да се искористи формулацијата што и досега е употребена, односно договорите се потпишуваат на македонски јазик, според Уставот на Македонија и на бугарски, според Уставот на Бугарија. Третото спорно прашање е и најчувствително - поврзано е со историјата. (В.С.)

Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου